Работните групи за здравје на заедницата и квалитет укажаа на неколку меѓусебно поврзани и заемнодополнителни приоритети и потенцијални методи кон здравјето на заедницата
Приоритет
Потенцијални методи
Помош и совети за нови уредници со цел да се намалат потешкотиите со правилата и „ризикот од гризнување“
Подобрување на системите за обука/советување за нови корисници
Обука и поддршка „во истиот момент“ преку за нови статии по пат на програмски водич (wizard)
Создавање на алатки за упростување и подобрување на пристапот до често употребувани функции и олеснување на барањето помош
Редовно и доследно оценување на квалитетот на сите статии, систематско утврдување на дупки во квалитетот, и приоритетизација/поттикнување на можностите за подобрување и барањата за подобрување
Воведување на автоматизирано оценување на квалитетот на статиите и нивната важност
Воведување на можноста корисниците по кратка постапка да пријавуваат проблеми со квалитетот на статиите
Известување на уредниците на статиите на кои им треба доработка дека се поканети да ја подобрат статијата
Утврдување и давање на поттик за постојани квалитетни придонеси
Имплементација на систем на реноме кој го следи квалитетот на придонесите и според тоа определува „виши уредници“
Укажување на помош и поддршка при соработката и координацијата при решавање на проблеми, спорови и додавање на вредност
Подобра технологија на поттик и влијание, која би овозможила друштвени врски, групи, и простори за соработка
Поттик и влијание за вишите уредници
Воведување на нов процес за постигнување на косензус за спорови кои се големи и/или повторливи