Wikimedia movement/mk
In other languages: Deutsch (de) English (en) español (es) français (fr) македонски (mk) 日本語 (ja) português (pt) | Add translation [edit]
Движењето на Викимедија е севкупност од луѓето, активностите и вредностите поврзани со проектите на Викимедија. Тука спаѓа секој што дава корисен придонес или пак оној што користи производ на иницијативата за слободни знаења на Викимедија. На него може да се гледа како на:
- збир од заеднички вредности (пристапност на знаења за секого, и тн.);
- збир од активности (конференции, работилници, викиакадемии и тн.);
- збир од организации на (Фондацијата Викимедија (en), нејзините локални ограноци (en) и тн.), како и други истомислени организации и неврзани поединци. (Погледајте улоги во движењето (en) за повеќе информации.)
Еве ги луѓето (но не сите) што го сочинуваат движењето на Викимедија:
- промотори, разгласувачи или корисници на слободни информации за образование и културна наобразба
- просветари, и образовни или културни установи
- ученици и студенти
- општествени и образовни невладини организации
- ослободители на содржини
- дигитални реставратори
- учесници
- уредници, наречени „Викимедијанци“ (Википедијанци, Викиречничари и тн.)
- развојни програмери (на пр. на МедијаВики)
- други доброволци
- локализатори
- дарители
- персонал и соработници на Фондацијата Викимедија (en) и нејзините локални ограноци (en)
- Џими ВелсПогледајте го интервјуто
- Други учесници што вложуваат во нас (en)
Видете исто така
- Теорија на промените (en). Системска шема на која се исцртани причинско-последичните поврзаности на различните аспекти на движењето, како и севкупните цели.
- Записот и нанижаните разговори на е-поштенскиот список foundation-l, започнати од корисникот Anthere, кајшто беше воведен споменатиот поим и концепт.
- Размисли на еден диносаурус на тема комуникации (околу 17:30) - говорот на Anthere на манифестацијата Викиманија 2008.
- Кон поголеми размери: дали Викимедија може да стане движење од 300 души до 2020 година? (околу 4-тата минута), говорот на Eloquence на Викиманија 2009.
- Употреба на поимот во е-поштенските списоци на Викимедија. Кајшто се гледа дека поимот е дело на Х. Чени, скован на 21 јуни 2004, т.е. 4 години пред горенаведената дискусија и запис на Anthere.