Wikimedia stakeholders/mk
In other languages: English (en) français (fr) Lëtzebuergesch (lb) македонски (mk) português (pt) español (es) | Add translation [edit]
Кои се нашите учесници-вложувачи во Викимедија?
- Читателите (302 милиони поединечни посетители секој месец, кои разгледуваат 950 милиони страници на ден)
- Придонесувачи и други доброволци, било да се корисници, уредници, википедијанци или википедисти (околу 10 милиони регистрирани корисници, и околу 30.000 активни уредници, од кои 3000 се заинтересирани да гласаат на избори за одбор, вројатно околу 1000 луѓе се членови на некој локален огранок)
- Фондацијата - одборот, персоналот, советодавниот одбор
- Ограноците
- Развивачи на МедијаВики
- Локализација, интернационализација, translatewiki.net africanlocalisation.net (Anloc)
- Донатори (околу 250.000 луѓе досега донирале парични средства за фондацијата)
- Партнери / сојузници, како на пример галерии, библиотеки, архиви и музеи или образовни установи (училишта)
- Рекорисници (луѓе кои сакаат да ги употребат содржините на Викимедија на свој поинаков начин)
- МедијаВики корисници (вон Викимедија)
- Предмети на содржините (поединци и организации за кои има напишано содржини на Викимедија)
- „Добавувачи“ како Creative Commons Corporation и Free Software Foundation, Inc.
- Фирми кои продаваат хардвер како Sun, IBM и други, на пример По еден лаптоп за секое дете (OLPC)
- Големи телекомуникациски фирми како Orange, T-Mobile ... (кои продаваат мобилни телефони на кои може да се користи Википедија ...)