Call for participation/Appeal letter/mk

Please note: this text is ready for translation, but please do not distribute it yet.


Тешко е да се поверува дека пред помалку од една деценија Википедија воопшто не постоеше. Денес секој месец Википедија ја користат 330 милиони луѓе, и со тоа таа претставува најупотребуваниот ресурс на интернет во светот. Во последните осум години, стотици илјадници доброволци ги изградија и ги одржуваат различните проекти на Викимедија.

Иако имаме постигнато многу, ние сме сепак далеку од остварувањето на нашата визија за светот во кој секој човек слободно ќе може да ја споделува севкупноста на човечкото знаење. Како да градиме врз основа на нашите успеси за да ги надминеме предизвиците кои ни претстојат? Помалку од една петтина од светското население има пристап кон интернет. Иако денес на Википедија придонесуваат стотици илјадници доброволци, тие не се наполно претставителни за разнообразното население во светот. Ни претстојат многу избори како што создавае светско движење за да создаваме и споделуваме слободно знаење.

Започнуваме целогодишен процес за развој на стратешки план за свижењето на Викимедија. Поконкретно, се трудиме да разјасниме:

  • Каде сме сега?
  • Каде сакаме да бидеме за пет години?
  • Како да стигнеме таму?

Помогнете ни да ги пронајдеме одговорите на овие прашања. Истражете ги, проанализирајте ги, и размислете што тие значат за нашата визија и вредности. Еве пет начини на кои можете да помогнете:

  • Приклучете се во работна група. Организираме работни групи кои ќе разгледуваат различни теми и ќе изнесат збир препораки во врска со нив. пријавете го вашето учество, или формирајте сопствени ад-хок групи.
  • Кажете ни како можете да помогнете. Доколку сте стручњак во некое поле на кое работиме, пријавете се на списокот на стручњаци. Вака им се дава можност на работните групи и другите доброволци да ве контактираат со прашања, и вие ќе можете да им одговарате кога ќе имате време.
  • Објавете ги вашите идеи. Напишете предлог на стратешкото вики, и помогнете со организацијата и подобрете ги постоечките предлози. Објавете ги идеите на вашиот блог, на поштенски листи, и на друштвени страници како Identi.ca, Twitter и Facebook. Означете ги тие текстови со #wikimedia или поставете во нив врска кон стратешкото вики за да можат да ги видат други читатели.
  • Свикувајте разговори на тема стратегија. За да се разработат добри планови, потребно ни е широко учество. Работните групи немаат како да разговараат со сите оние кои имаат идеи за иднината на Викимедија. Токму тука можете да помогнете: свикувајте свои разговори на тема стратегија, лично или на интернет, и објавете ги резултатите на стратешкото вики. Имаме шаблони и алатки за за свикување на состаноци за стратегија на стратешкото вики.
  • Разговарајте со нас. Давајте му на стратешкиот тим повратни информации. Кажете ни ги вашите идеи, надежи, стравувања и вашите осмислени цели за проектите. Додајте го вашето мислење или идеја на стратешкото вики, или испратете го по е-пошта, на strategywikimedia.org.

Ако не можете да учествувате, тогаш дали би размислиле за давање на доброволен прилог во поддршка на овој многу значаен проект? Секој прилог е од директна помош за нашите глобални програми за слободно знаење. Ни требаат и доброволци за да придонесуваат на нашите проекти, да ја подобрат нашата технологија, и да ја поддржуваат нашата работа на други начини.

Овој век ни понуди чудесна можност да ја преобразиме нашата цивилизација, и да создадеме подеднакви можности за сите луѓе. Се надеваме дека ќе можете да ни се придружите во нашите усилби за споделување на знаењата со секој човек на планетава.

Ваши,
Мајкл Сноу
Претседател на фондацијата Викимедија
Џими Велс
Основач на Википедија и фондацијата Викимедија


Email responder

Ви благодариме што му пишавте на тимот за стратешки развој на фондацијатаа Викимедија. Вашето писмо е примено и ќе биде прочитано во најкраток можен рок. Наскоро ќе ги контактираме оние избрани за учество во работна група. И вие слободно можете да создадете своја работна група, користејќи се со материјалите на стратешкото вики (http://strategy.wikimedia.org) за да нè известите за вашите наоди, заклучоци и препораки.

Ви посакуваме сè најдобро, и ви благодариме за вашата волја и готовност да помогнете.

Искрено,

Известување

  • Помогнете ни да ја изградиме иднината на Strategic Planning и другите братски проекти!
    <a href="http://volunteer.wikimedia.org">Прочитајте го писмото</a> од Џими Велс и Мајкл Сноу.

Title

Прочитајте писмо од Мајкл Сноу и Џими Велс.

Button

Волонтирајте